Женската репрезентација на Македонија губи со осум гола од Шведска, 15-7 во премиерниот натпревар на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Македонија добро го отвори натпреварот и поведе со 3-1. Мицевска фати зицер, а Кипријановска со два проектили и Маџовска ја совладаа Бундсен, но Хагман искористи пенал за реми по десетина минути игра, 3-3.
Следуваа две грешки во македонскиот напад, тоа беше казнето со погодоци во нашата мрежа од контри за 6-3, па Грчевски мораше да реагира со тајм-аут. Се стабилизира предноста на Шведска на плус три, но наоѓавме решенија во нападот.
Шведска играше со најсилниот ростер, на теренот беа Робертс, Блом, Хагман, Бундсен, Ликвист…но потоа и Акснер ги изротира сите ракометарки. Грчевски исто така им даде шанса на Стефаноска, Јанкуловска, Дамјаноска, Арсениевска…
По 9-6 во 15 минута, немаше гол на двете страни пет минути, пред Кипријановска да го прекине постот за 9-7. Следуваа две технички грешки на Македонија и набрзина казнија Швеѓанките за 13-7, па Грчевски повика втор тајм-аут.
Не се сменија многу работите, Шведска пак даде гол за 14-7, па уште една грешка на Македонија и погодок на празен гол за 15-7. До паузата немаше нови голови, туку грешки на двете страни.