Иваноски продолжува во одлична форма – беше најдобар стрелец против Динамо Панчево

|
13:11

Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски одново беше најдобар стрелец во тимот на Дубочица Лесковац.

Тимот на Иваноски загуби на тешкото гостување кај Динамо Панчево со 32-30 во 10 коло од српскиот шампионат.

Иако губеше во текот на мечот и со седум гола во неколку наврати, сепак тимот од Лесковац по заслуга на Иваноски успеа финишот да го направи интересен, но не и да направи комплетен пресврт.

Македонскиот десен бек постигна шест погодоци, а подели и две асистенции, и заедно со Павловиќ и Ристовиќ беа најефикасни во гостинскиот тим.

Дубочица остана на шестото место со девет бода, односно на границата која води во плеј-офот.

🔴ВО ЖИВО🔴 Куманово – Бутел Скопје, Бисинов ФЛ – Струга, Текстилец – Вардар Неготино

Автор: Душко Андов
| 23 ноември 2024
17:55

ЕХФ за Младеновска: Таа е најголемиот македонски талент во последната деценија

Автор: Влатко Мирчески
| 21 ноември 2024
18:30

До почетокот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија, преостануваат уште седум дена.

Меѓу 24-те учеснички на Европското првенство ќе биде и Македонија, која во Дебрецин ќе игра во група со Шведска, Унгарија и Турција.

Европските првенства секогаш биле отскочна даска за младите таленти, а ЕХФ пред стартот на континенталниот собир ги издвои најголемите седум таленти кои ќе настапат на континенталниот собир.

Една од нив е репрезентативката на Македонија, 17-годишната Ива Младеновска. Екс ракометарката на Металург, моментално, настапува за францускиот Брест Бретањ.

За големата надеж на македонскиот ракомет ова ќе биде второ учество на едно големо натпреварување, првото го имаше на Европското првенство 2022, на кое Македонија беше еден од ко-организаторите.

,,Десниот бек Младеновска иако има само 17 години, сепак, ќе се радува на своето второ учество на Европското првенство, откако во 2022 на само 15 години го имаше дебитанскиот настап. Не е за изненадување што таа беше дел од Европското првенство 2022, бидејќи Младеновска важи за еден од најголемите таленти откриени во македонскиот ракомет во последната деценија”, пишува ЕХФ.

Освен Младеновска, ЕХФ ги издвои и Јана Мутин (Фарски Острови), Миа Еменегер (Швајцарија), Виола Лехтер (Германија), Лусијана Ребело (Португлија), Петра Симон (Унгарија) и Лена Грандво (Франција).

🔴ВО ЖИВО🔴 Mеталург РА – Астраион

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
14:00

Познат ростерот на Швајцарија – на ЕП со ветеранката Бруш, ќе играат Шмид, Еменегер, Гаучи…

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
10:43

Селекторот на женската репрезентација на Швајцарија, Кнут Ове Јоа, ги одреди 18 ракометарки што ќе играат на домашното ЕП.

Капитенката Керстин Кундиг се враќа во ростерот откако ги пропушти претходните две акции во септември и октомври. Покрај Кундиг, на списокот на Јоа има уште осум интернационалки, а меѓу нив е и пикерот со славно презиме – Табеа Шмид од данскиот Копенхаген.

Тука е 40-годишната голманка Мануела Бруш, па младата Миа Еменегер од норвешкиот Кристијансанд, Дафне Гаучи…

Швајцарките ќе одиграат две контролни средби со селекцијата на Исланд, денеска и в недела.

Домаќинот на ЕП е во група со Фарски Острови, Данска и Хрватска, и ќе има шанса за прогрес во главната рунда.

Заврши ли ерата на Винцек во Кил?

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
18:00

По 12 години поминати во Кил, на легендарниот германски кружен напаѓач Патрик Винцек, најверојатно нема да му биде продолжен договорот.

Според „Билд“, раководството на Кил се одлучи да ја продолжи соработката со Хендрик Пекелер, а доаѓа и Верон Начиновиќ од Монпелје, тука е Питер Оверби, па нема

Винцек потекнува од Дуисбург, играше за Тусем Есен, Гумерсбах, Бергишер и Диселдорф, а од 2012 година го носи дресот на „зебрите“.

За „Килер Нахрихтен“, спортскиот директор на Кил, Виктор Силаѓ, изјави дека засега никакво решение не е донесено и дека Винцек треба да одбере дали сака да продолжи со активно играње или да работи надвор од теренот, но допрва ќе биде познато за каков пат ќе се одлучи искусниот пивот.