Ракометарките ќе добијат голема премија за секоја победа на ЕП!

Женската репрезентација на Македонија го одработува последниот тренинг пред заминувањето за Хрватска на „Кроација Куп“.

На Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија, Македонија е во група со фаворитите Унгарија и Шведска, како и со Турција.

Од Ракометната федерација на Македонија ветија премија од 1.500.000 денари за секоја победа на континенталниот собир.

Нашите ракометарки ЕП го започнуваат на 28 ноември со дуел против Шведска, на 30 ноември одат на мегдан на Турција, додека на 2 декември е пресметката со Унгарија.

Претходно в сабота и недела, Македонија ќе одигра две пријателски средби против селекциите на Хрватска и Србија.