Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра осмиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
Гостин во Битола ќе биде данскиот вицепрвак Фредериција, тим во кој настапуваат двајца екс пелистерци – Реине Табоада и Себастијан Хенеберг.
На првото соочување меѓу двата тима, на победа се радуваше битолскиот тим, со пресврт во второто полувреме дојде до триумф од 25:23.
За Еурофарм Пелистер ова ќе биде важен натпревар и со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за осминафинале во европската елита.
Деби на клупата на „зелено-белите“ ќе има новиот тренер Раул Алонсо, кој со македонскиот шампион се договори на двегодишна соработка.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Денеска во Лигата на шампионите ќе има утре три дуели, ќе играат Алборг – Колстад, Загреб – Магдебург и Спортинг – ПСЖ.
Распоред на денешните натпревари од ЛШ:
18:45 АЛБОРГ – КОЛСТАД
18:45 ЗАГРЕБ – МАГДЕБУРГ
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ФРЕДЕРИЦИЈА
20:45 СПОРТИНГ – ЛИСАБОН