📷 Еурофарм Пелистер го промовираше Раул Алонсо

Шпанскиот стручњак Раул Алонсо денес официјално беше претставен пред јавноста како нов тренер на Еурофарм Пелистер.

45-годишникот од Мадрид потпиша договор на една и пол година и веќе го одработи првиот тренинг со македонскиот првак.

Тој седнува на клупата на битолчани на местото на Бранко Ангеловски, а тимот во меѓувреме го водеше Звонко Шундовски.

Дебито на Раул Алонсо е предвидено за в среда од 20:45 часот на дуелот со Фредериција во Лигата на шампионите.