ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Чаир по заверка на пласманот во ТОП 16 во Европскиот Куп

Ракометарките на Чаир денеска ќе го одиграат реванш натпреварот против португалскиот тим Колехио Де Гаиа во рамки од 3. коло од Европскиот Куп.

Чаирчанки на вчерашниот натпревар, на кој во Автокоманда беа формално гостинки, славеа со четири гола разлика, 29:25.

Сепак, четири гола не се ни многу, ни малку, па така избраничките на Басри Љатифи ќе атакуваат на уште една победа за голем историски успех.

Доколку Чаир успее да го елиминира Колехио Де Гаиа, тогаш ќе си обезбеди пласман во осминафиналето во третото по ранг европско натпреварување.

Натпреварот меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа ќе се одигра во спортската сала „Автокоманда“, а влезот за сите љубители е слободен.

На денешната програма на домашна сцена ќе има неколку дуели од Женската лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:30 ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 КИЛ – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС)
14:00 ЕСБЈЕРГ – БУДУЌНОСТ (ЛШ)
14:00 ЧСМ – ФТЦ (ЛШ)
15:00 ПОТСДАМ – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС)
16:00 БРЕСТ – ОДЕНСЕ (ЛШ)
16:00 РАПИД – ЃЕР (ЛШ)
16:00 ЧАИР – КОЛЕХИО (ЕВРОПСКИ КУП)
16:30 ЕРЛАНГЕН – ВЕЦЛАР (БУНДЕС)
16:30 ЛАЈПЦИГ – ГЕПИНГЕН (БУНДЕС)
17:00 ЕКС АН ПРОВАНС – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
17:30 ШАМПИОН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЛОВЌЕН – БУДУЌНОСТ (ЦРНА ГОРА)
18:30 СПАРТАК – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ХАУКАР – ДАЛМАТИНКА (ЕВРОПСКИ КУП)