Митевски блесна со 15 голa, херојско реми на неготинци во трилерот кај Драчево!

Драчево по поразот од Скопје, пропушти да се врати на победнички патеки и успеа да освои само бод против Вардар Неготино во натпревар со 86 голови, 43-43.

Иако домашните водеа со 43-39 во самиот финиш, веројатно почнаа предвреме да слават. Не реализираа во серија, упорните неготинци казнуваа во финишот преку Пеовски и Митевски, кој беше херојот на гостите и успеаја да израмнат на неколку секунди до крајот.

Домашниот тим тргна во последен напад, беше досуден фаул, но времето истече и ударот на Дука заврши како плен, па драчевци разочарани го напуштија теренот бидејќии имаа и плус седум во текот на мечот.

Покрај Митевски со 15 гола и Пеовски со десет, се истакнаа Петров со седум и Ѓорѓев со шест гола, додека во редовите на Драчево, Петковски стрелаше десет пати, а Дука имаше гол помалку.

Ракометарите кои играат во Супер лигата минатата сезона, „витамините“ од Автокоманда, запишаа убедлива победа против струмички Астраион со 47-20.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога домашните водеа со 26-14, а најзаслужен за тоа беше Марко Каркалашев со 15 голови.

Девет гола за победникот даде Александар Стојков, додека кај Астраион се истакна Аргиров со пет погодоци.