Засилувањето на Вардар од Португалија, Мигел Пинто по три месеци рехабилитација дебитираше за македонскиот тим. На средбата во Струга, десното крило влезе во 18 минута од натпреварот, и тоа беше првиот настап за Вардар.
Пинто се повреди во август и беше оперирарн. Се очекуваше за околу два месеци да с еврати, но дебито го направи после три месеци. Пинто игра на позиција на десно крило каде настапува и Гоце Георгивски и Алан Ќосевски.
Пинто беше и на поширокиот список на репрезентацијата на Португалија, и има и два настапи за А репрезентацијата на Португалија. Лани играше во квалификациите за ЕП 2024 и тоа против Луксембург и против Турција. На двата натпревари даде вкупно 11 гола за Португалија. Има настапувано и се тимовите до 20 и до 21 година, за Португалија на ЕП 2018 и СП 2019 година.