ЕХФ ги одреди официјалните лица за двомечот во Европа на Чаир

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Европскиот Куп.

Единствениот претставник од Македонија кој остана во натпреварувањето, екипата на Чаир, двата меча со португалскиот Колехио Де Гаиа ќе игра на домашен терен.

Судии на овој двомеч ќе бидат Eрдоан Витаку и Арсим Витаку, додека делегатка ќе биде Ана Мелкојан од Ерменија.

Првиот натпревар меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа се игра на 16 ноември со почеток во 16:00 часот, додека реваншот е во Автокоманда следниот ден во истото време.