📸 Македонскиот ракомет стана сеир на Балканот!

|
17:35

Вчерашниот скандалозниот натпревар меѓу Скопје и Гевгелија во рамки од групната фаза во Купот на Македонија стана главна вест во регионалните медиуми.

Низ медиумите во Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ…се пишуваше дека ваков голем срам не е виден досега на ракометните терени.

Двете екипи во финишот од натпреварот си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.

Победникот ќе мораше да игра со актуелниот шампион Ѓорче Петров, а тоа ќе го ,,ослабеше” финансиски.

Како што е познато, по големиот скандал се огласи министерот за спорт Борко Ристовски, кој најави дека на двата клуба ќе им бидат одземени лиценците.

🎥 Министерот Ристовски потврди – ќе им се одземат лиценците на Скопје и Гевгелија!

 

🎥 СКАНДАЛ во македонскиот Куп – си даваа автоголови, за да не победат!

 

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Настапи за Ристовска, Поповски, Маџовска, Иваноски, Стефаноска…

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
10:00

Денеска низ Европа ќе се игра во неколку шампионати, а интересни дуели се очекува да има во Купот на Германија.

На програмата од 20:00 часот е натпреварот меѓу Кил и Магдебург, а победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман во четвртфиналето во германскиот Куп.

Свој настап ќе имаат дел од македонските интернационалци – Сара Ристовска (Рапид), Сара Стефаноска, Јана Равојска (Јагодина), Мартин Поповски (Цирих), Ива Младеновска (Брест), Симона Маџовска (Цвикау), Михаил Иваноски (Дубочица)….

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 ЧСМ – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)
15:30 КРОНОН – СКА МИНСК (БЕЛОРУСИЈА)
16:00 КРАЈОВА – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
16:30 РАПИД – ДУНАРЕА (РОМАНИЈА)
18:00 ЗАГРЕБ – ПОРЕЧ (ХРВАТСКА)
19:00 ЈАГОДИНА – НИШ (СРБИЈА)
19:00 ВАЛУР – ИБВ (ИСЛАНД)
19:00 ХАНОВЕР – ФЛЕНСБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
19:00 ДУБОЧИЦА – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:00 ЛУДВИГСБУРГ – ЦВИКАУ (БУНДЕС)
19:30 АЈЗЕНАХ – МЕЛСУНГЕН (ГЕРМАНИЈА)
19:30 КОБУРГ – ЛЕМГО (ГЕРМАНИЈА)
19:30 ЦИРИХ – ЗУР (ШВАЈЦАРИЈА)
20:00 КИЛ- МАГДЕБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
20:00 БЕЗАНСОН – БРЕСТ (ФРАНЦИЈА)

По седум години го менува клубот – Босанецот Хоџиќ од лето во Ним

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
17:59

Репрезентативецот на БиХ, Харун Хоџиќ, кој од 2018 година настапува во францускиот шампионат, поточно во Шамбери, одлучи да ја промени средината.

Младиот голман ќе остане во Франција, но од наредната сезона ќе брани во тимот на Ним. Станува збор за клуб кој што во оваа сезона е меѓу петте најбогати клубови во Франција, има буџет од околу шест милиони евра.

Хоџиќ со раководството на Ним се договори на соработка со важност до три сезони, односно до јуни, 2028 година, па така босанскиот интернационалец поголемиот дел од кариерата ќе го помине во Франција.

Босанскиот голман во Шамбери пристигна во текот на 2018 година и само на 19 години дебитираше за познатиот француски клуб.

Минатата сезона, 24-годишниот голман беше меѓу најдобрите голмани во најквалитетното француско натпреварување.

„Прецртаните“ му порачаа на Обрван: Можеше да ни се јави, а не дознаваме од медиуми…

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
14:19

Голема фама се крена во хрватската јавност по објавувањето на скратениот список на ракометарки пред настапот на Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

На списокот на селекторот Ивица Обрван се најдоа 20 ракометарки, но меѓу нив не се лидерите на националниот тим – Ќамила Мичијевиќ, Теа Пијевиќ и Валентина Блажевиќ. Ги нема ниту повредените Ана Дебелиќ и Андреа Шимара.

Трите „прецртани“ ракометарки се огласија во хрватските медиуми.

„Сите очекуваат ние да дадеме изјава, откако од медиумите дознавме за одлуката на селекторот Ивица Обрван да не бидеме повикани за настап на ЕП, бидејќи сме свесни дека тој очекува наша изјава. Во целост се сложуваме со тоа дека Обрван има право да повика кои ракометарки сака и тоа е негова одлука. Но сметаме дека по сите овие години кои ги дадовме за женскиот ракомет во Хрватска во најмала рака заслуживме да ни се јави селекторот, некој од стручниот штаб или сојузот и да не информира, а не да дознаваме од медиумите. Нема поубаво чувство од тоа кога се носи хрватскиот дрес. Длабоко сме навредени од постапката на селекторот, кој кажа дека вратите на репрезентацијата за нас се отворени, но тој самиот на овој начин ги затвора“, порачаа трите ракометарки за 24Сата.

Хрватска ќе тестира со Македонија и Србија на „Кроација Куп“ во Пореч од 22 до 24 ноември, додека на ЕП ќе биде во група со Данска, Швајцарија и Фарски Острови во Базел.

Хрватска на ЕП без главните ѕвезди – Обрван не смета на Мичијевиќ, Блажевиќ, Пијевиќ…

Лидерот доаѓа во Охрид – од денеска во продажба билети за дербито

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
11:30

Викендов во рамки од 11. коло од Супер лигата ќе се одигра дерби дуелот меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда.

Охриѓани на 10 натпревари остварија осум победи, а натпреварот со првопласираниот тим од Автокоманда за нив ќе биде императив да им се вратат на победите во суперлигашкото друштво.

Од Охрид информираа дека продажбата на карти за дерби дерби дуелот ќе стартува од денеска од 12:00 часот во охридската чаршија “Кај Аждер” и пред самиот натпревар на билетарницата во спортската сала „Билјанини Извори“.

Се очекува избраниците на Стевче Алушовски да имата голема поддршка од трибините, бидејќи навивачката група „Рибари“ ќе прослави 35 години од своето постоење.

Дерби дуелот меѓу двете екипи ќе се одигра в сабота, со почеток од 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД10100020
2ВАРДАР 19611090118
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1080216
4ОХРИД1080216
5БУТЕЛ1060412
6ТИКВЕШ 2014104159
7ПРИЛЕП104159
8ПРОЛЕТ103258
9КУМАНОВО102084
10СТРУГА102084
11БИСИНОВ Ф. Л.101183
12РАДОВИШ100191

Грац домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа трета сезона по ред

Автор: Душко Андов
| 13 ноември 2024
15:22

Австрискиот град Грац ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа во женска конкуренција.

Трета сезона по ред, Грац ќе ги собере најдобрите четири екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување на 3 и 4 мај.

„Рајфајзен Арена“ во Грац ќе биде домаќин на четири меча, кои од трибините ќе ги гледаат најмалку по 3.000 гледачи.

Македонски претставник во Лигата на Европа оваа сезона беше Ѓорче Петров, но шампионот беше елиминиран во второто коло.

По одигрувањето на реваншите од третото коло ќе бидат познати патниците во групната фаза каде ќе играат 16 екипи.