🎥 СКАНДАЛ во македонскиот Куп – си даваа автоголови, за да не победат!

Наместо да се борат да победат две македонски екипи играа, за да „не победат“. Во меч од Купот на Македонија на дуелот меѓу Скопје и Гевгелија, во последните пет минути од средбата ракометарките си даваа автоголови, шутираа над голот или покрај, додаваа погрешно се со цел дане постигнат гол.

Судиите на мечот во еден момент откако едниот тим си даде автогол, за момент ја прекинаа средбата за да се консултираат со записничката маса, по што продолжи средбата. Последните пет минути од средбата беа особено „смешни“ заради однесувањето на ракометарките на теренот.

Делуваа како да не сакаат да победат, да не постигнат гол. Победникот од средбата од Купот требаше да продолжи понатаму, но со оглед на аутсајдерската улога веројатно и двете екипи веројатно не сакаа да прават дополнителни трошоци, околу организирање на нов меч или пак патување.

На крајот, Гевгелија „победи“ со 17-16…