На денешната програма на домашна сцена ќе има натпревари од групната фаза од Купот на Македонија во женска конкуренција, како и неколку прволигашки дуели.
Со натпреварот меѓу Луксембург и Хрватска ќе започне второто квалификациско коло за Европското првенство 2026. Како што е познато, македонската репрезентација утре ќе гостува кај Литванија.
Хрватите се големи фаворити против Луксембург и се очекува лесно да дојдат до втор триумф во квалификацискиот циклус.
Денеска ќе има четири дуели во Лигата на шампионите кај дамите, а свој настап ќе има Сара Ристовска, која со Рапид Букурешт ќе гостуваат кај европскиот гигант Ѓер.
Романскиот тим има четири порази во досегашниот тек од елитата и на денешниот натпревар ќе мора да победи за да излезе од резултатската криза.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 КИЧЕВО – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
12:00 AСТИБО – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
12:00 РОСТОВ – ЗВЕНИГОРОД (РУСИЈА)
13:00 СКОПЈЕ – ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ИШТАД – АРАНАС (ШВЕДСКА)
15:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
15:30 СКОПЈЕ – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЗАГРЕБ – ЕЛЧЕ (ЛИГА ЕВРОПА)
16:00 БИСТРИЦА – НИКОБИНГ (ЛШ)
16:00 СТОРХАМАР – ПОДРАВКА (ЛШ)
16:30 ДУНАРЕА – БУЗАУ (РОМАНИЈА)
17:30 СПАРТАК – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПРЕСПА – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БУДУЌНОСТ – ЕСБЈЕРГ (ЛШ)
18:00 ЃЕР – РАПИД (ЛШ)
18:00 МИХАЛОВЦЕ – ГРУДЕ (ЛИГА ЕВРОПА)
18:30 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 БРИКСЕН – САЛЕРНО (ИТАЛИЈА)
19:30 ШАМПИОН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
20:15 ЛУКСЕМБУРГ – ХРВАТСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)