Тимот на Еурофарм Пелистер 2 уште еднаш покажа дека сезонава ќе биде без конкуренција во Првата лига.
Битолчани предводени од искусниот Стефан Дрогришки со девет и Мирче Калајџиески со осум гола славеа на гости кај Аеродром со 43-22.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога Еурофарм Пелистер 2 направи залиха од плус осум.
Кон средината на вториот дел, битолчани останаа без Мартин Ивановски, кој доби трето исклучување и црвен картон, но тоа не беше проблем.
Избраниците на Александар Зарков само ја зголемуваа предноста и рутински го довршија натпреварот.
Во домашниот состав на Аеродром се истакна Благоја Зафировски со осум гола. Еурофарм Пелистер 2 сега има седум победи на седум натпревари и е главен фаворит за камбек во елитата.