Штрлек на помош во Фуксе Берлин

Хрватскиот репрезентативец Мануел Штлрек ќе биде замена за Јери Толбринг во бундеслигашот Фуксе Берлин.

Штрлек ќе биде на позајмица од хрватскиот Нексе Нашице до крајот на сезоната во Берлин, каде што тренерот Сиферт има големи проблеми со повреди.

Левото крило има договор со Нексе до 2026 година, и по крајот на оваа сезона ќе се врати да го одработи до крајот.

Хрватскиот тим е елиминиран од Европа, нема многу големи шанси против Загреб за шампионската титула, па се решија да го позајмат Штрлек во Фуксе Берлин.

Штрлек претходно настапуваше за Загреб, Келце и Веспрем.