Серафимов: Очекувавме тежок меч, нивниот лев бек имаше свој ден

Машката сениорска репрезентација на Македонија со победа го започна квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026, откако на свој терен триумфираше против Естонија со 37:33.

Победата на Македонија беше обезбедена во последните петнаесетина минути кога „црвено-жолтите“ од 28:28 дојдоа на 32:28 и до крајот ја одржуваа резултатската предност.

Шутерски расположен во македонската репрезентација беше Мартин Серафимов, кој со 10 гола ја потврди одличната форма од клупско ниво.

,,Очекувавме тежок натпревар, ги анализиравме доста, имаме некои нови играчи, очекував вака да се движи натпреварот, не очекував лесно да поминеме, но многу сум среќен што на крај ние се радувавме. Естонците со ништо не не изненадија, нивниот лев бек имаше свој ден и секоја му чест, многу добар играч, се што шутна, се влезе, не можеш против некој кој има свој ден, така е тоа во ракометот”, изјави Серафимов.

Македонија во 2. коло од квалификациите ќе гостува кај Литванија, која во првото коло ќе се соочи со Словенија.

Македонија на “мускули” до стартна радост