Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски беше прогласен за МВП на последниот натпревар на неговиот Партизан во српскиот шампионат.
Партизан без особени проблеми славеше на гостувањето кај составот на Обилиќ со 34-26, a победата беше најавена уште по првиот дел кога тимот од Белград водеше со 18-14.
Левото крило од Македонија имаше перфектна реализација, три гола од три шута, имаше исто толку асистенции и две освоени топки.
Сега следува паузата за ЕХФ неделата, а следен предизвик за Маџовски и Партизан ќе биде дуелот со Раднички Крагујевац на домашен терен. Партизан е на првото место со осум победи на осум меча.