Деспина победнички кај Спартак, Металург Автокоманда како брз воз низ Гевгелија

Ракометарките на Деспина дојдоа до трет сезонски триумф, откако кај Спартак славеа со 27:23 во натпревар од 8. коло од Женската лига.

Спартак парираше во првиот дел, но во вторите 30 минути до израз дојде квалитетот меѓу двете екипи, па така гостинките заслужено дојдоа до посакуваната цел.

Најефикасни во победничката екипа со по пет гола беа Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска и Андреа Конеска. Кај Спартак се истакна Зорица Андовска со 11 гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ880016
2ВАРДАР860212
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК82064
5ШАМПИОН80080

Металург Автокоманда на гостувањето во Гевгелија кај истоимената екипа одигра како на тренинг триумфирајќи со 51:10 (26:8).

Марија Гугуљанова беше најефикасна во победничката екипа со 15 гола, 10 имаше Александра Коловска, осум постигна Борјана Коцева.

Во поразениот табор Симона Динева беше најефиксна со три гола, по два имаа Благица Ступар, Елена Димова и Павлинка Митрова.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080