Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Вардар, како и освојувачот на Купот на Македонија, се трите тима што ќе го прескокнат елиминациското коло што е на програмата следната година на 29 март.
26 екипи, девет суперлигашки и 17 прволигашки, ќе формираат 13 двојки во елиминациското коло.
Победниците ќе им се придружат на Вардар, Еурофарм Пелистер и „сино-белиот“ тим од Автокоманда, и ќе играат во групната фаза на Купот на Македонија, а овие натпревари се закажани на 20 април 2025 година.
Четирите победници на групите ќе се пласираат на завршниот турнир во Купот на Македонија, што е на програмата од 16 до 18 мај.
Рангирањето по шешири е направено според пласманот на екипите во Супер лига и Првата лига во минатата сезона, па во елиминациското коло ќе имаме најмалку четири прволигашки двобои (евентуално пет), односно најмалку четири прволигашки екипи ќе се пласираат во групната фаза.
Куп на Македонија, елиминации:
шешир 1: Охрид, Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга, Прилеп, Куманово, Еурофарм Пелистер 2, Вардар Неготино, Мулти Есенс, Скопје, Аеродром, Бисинов ФЛ
шешир 2: Радовиш, Младост Богданци, Драчево, Металург РА, Јехона, Македонија ЃП, Шампион, Овче Поле, Партизан Гевгелија, Кичево, Астраион, Текстилец, Преспа Вардар