Тимот на Мулти Есенс во натпревар од 7. коло од прволигашката конкуренција славеше над Металург РА со 23:22 (11:12).
За минатогодишниот суперлигаш ова беше трет сезонски триумф во Првата лига и со освоените два бода, моментално, се позиционира на 3. позиција во групата А.
Победничкиот гол беше дело на искусниот Александар Стојков, кој на петнаесетина секунди пред крајот од пенал успеа да го совлада противничкиот голман
Токму Стојков беше најефикасен на натпреварот со девет погодоци, а во поразениот табор Џулијано Христоски, Коста Николовски и Бојан Поповски беа најефикасни, сите тројца постигнаа по четири погодоци.
Избраниците на Бочкаровски во следното коло ќе гостуваат кај Кичево, додека Металург РА е слободен.