Не сака назад во Веспрем – Фазекаш во Висла Плоцк до 2029!

Средниот бек Герго Фазекаш ќе ги брани боите на полскиот шампион Висла Плоцк најмалку до 2029 година.

Унгарскиот репрезентативец беше играч на Веспрем, позајмен во Висла Плоцк, но очигледно дека му се погоди во Полска и не сака назад.

Иако се шпекулираше дека Веспрем го сака назад во своите редови, ангажманот на Палмарсон значи дека нема да има место за Фазекаш во унгарскиот гигант.

Неговиот актуелен договор со Висла Плоцк беше до 2025 година, а сеа е продолжен за уште четири сезони.