Цехте: Ако ги спречиме во „еден на еден“, тогаш ќе завршиме голема работа

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува ново гостување во Лигата на шампионите, овојпат кај данската Фредериција.

Десниот бек Нејц Цехте, играше за данскиот ГОГ Гудме, пред да дојде во Битола, но вели дека ривалот има изменет ростер.

„Фредериција создава екипа, растат од година во година, креираа нова екипа во споредба со тимот против кој јас играв против нив. Во Данска се игра „еден на еден“ и ќе завршиме голема работа ако тоа го спречиме, а тие може да се исплашат и да паднат. Не играат во својата сала и тоа може да биде уште една предност за нас. Сериозно се подготвуваме и со видео анализи и на тренинг во одбрана и во напад. Засега добро ги анализираме и убеден сум во добар натпрева“, изјави словенечкиот репрезентативец.

Натпреварот меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер ќе се игра утревечер во Оденсе, со почеток во 18:45 часот.