Висла остана без капитенот Дашек!

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, полскиот шампион Висла Плоцк, на неодредено време остана без капитенот Михал Дашак.

Според објавените информации на клупскиот сајт на Висла Плоцк, искусниот ракометар заработил повреда минатата недела на гостувањето во Данска кај Фредериција.

Засега, не е познато дали станува збор за сериозна повреда, но раководството на Висла Плоцк одлучи како негова замена да биде Филип Михалович, кој најверојатно ќе добие шанса за настап во ЛШ.

21-годишниот ракометар настапуваше на позајмица во Енерга Калиш, а сега ќе има можност повторно да учи од шпанскиот стратег Хавиер Сабате.

Висла Плоцк во рамки од 7. коло од Лигата на шампионите на свој терен ќе го пречека унгарскиот гигант Веспрем.