Селекторот на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот на играчи за воведните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026.
На списокот партиципираат 20 играчи, а во однос на последниот настан, Олимписките игри во Париз, има мали промени. Во репрезентацијата се враќаат Давид Мандиќ, Марко Мамиќ и екс членот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш.
Џанфранко Прибетиќ е ново име на списокот, додека повторно изоставен е поранешниот член на Вардар и актуелен на Келце, Игор Карачиќ. Средниот бек не играше за „коцкестите“ нитуна Олимписките игри во Париз,
Хрватска во квалификациите за пласман на ЕП 2026 за ривали ги има репрезентациите на Белгија, Луксембург и Чешка. Првите два квалификациски натпревари Хрватска ќе ги одигра на 7 и 9 ноември против Белгија, односно Луксембург.