ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Алушовски направи една промена, Турда со засилување за Охрид

Екипата на Охрид денеска во Романија против Потаиса Турда ќе го одигра реванш натпреварот од втората рунда од Европскиот Куп.

Двајцата тренери ги одредија составите за денешниот натпревар, а кај Охрид има една промена. На местото на Горан Крстевски ќе биде голманот Бобан Ристевски.

Во домашниот тим има двајца нови ракометари. На местото на пикерот Гринден и левиот бек Пинтоиу, кои немаа никаква улога на првиот меч, во составот ќе биде голманот Бастуреа, како и новото засилување за Турда – иранскиот лев бек Мехран Рахнама кој не играше во Охрид, а неодамна потпиша за романскиот тим.

Избраниците на Стевче Алушовски на првиот натпревар, кој беше одигран минатиот викенд во Охрид, триумфираа со 31:25, но и покрај овие ,,плус шест” ништо не е решено.

Натпреварот меѓу Потаиса Турда и Охрид е закажан за 17:00 часот, а победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман во третата фаза, па така за „гладијаторите“ ќе биде доволни и реми.

Доколку Охрид успеа да го елиминира романскиот тим, тогаш ќе го повтори успехот од пред седум сезони кога стигна до истата фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување.