Младост го наполни голот на Текстилец, Овче Поле освои бод

Ракометарите на Младост Богданци во натпревар од 5. коло од Првата лига немаа никакви проблеми против Текстилец и дојдоа до убедлив триумф.

Домаќините триумфираа со 43:18 и се израдуваа на третиот сезонски триумф, сега клубот од Богданци има 6 бода во групата А, додека тимот од Штип останува само на два бода.

Победата на Младост беше најавена уште во првиот дел кога гостите постигнаа само осум, а примија 19 гола. Домашниот тим рутински го одработи вториот дел и дојде до уште поголема позитива.

Најефикасен во победничката екипа беше Ристе Пеев со осум погодоци, додека во поразениот табор се истакна Филип Џинес со седум успешни реализации.

Интересен натпревар се одиграа во Свети Николе, во кој Овче Поле со голот на Буровски ремизираше со вториот тим од Автокоманда, 29:29 (12:11).

Во најголемиот дел од натпреварот домаќините ја имаа резултатската предност, но во финишот гостинот направи пресврт.

Најефикасен на натпреварот беше Александар Стојков, кој зад своето име запиша 15 погодоци. Кај домаќините прв име беше Кирил уровски со десет реализации.