ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Холм се враќа во Фуксе, Мрква оди во Лајпциг, Бартолд го засилува Сегед

  • Левиот бек на Јакоб Холм, од следното лето би можел да се врати во Бундес лигата. Според пишувањата на „Билд“, Холм нема да ја продолжи соработката со ПСЖ и ќе се заигра одново за поранешниот тим Фуксе Берлин.
  • Голманот на Кил и на чешката репрезентација, Томаш Мрква, од идното лето би можел да го засили Лајпциг, пишува „RTHandball“. Таму нема да продолжи Кристијан Северас, а Мрква не добива голема минутажа по доаѓањето на Вулф во Кил, па овој трансфер е реален.
  • Унгарскиот и европски шампион Ѓер е посилен за кружниот напаѓач на шведската репрезентација, Ана Лагерквист. 30-годишната ракометарка по распадот на францускиот Нант нов предизвик најде во Унгарија.
  • Левото крило на Алборг, Себастијан Бартолд, според „handballtransfer.dk“ од идното лето би можел да заигра во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед. Таму во моментов играат Јелиниќ и Фримел, а најавен е трансфер и на Хампус Ване од Барселона, па ПИК Сегед многу веројатно ќе ги промени двете леви крила.
  • Искусниот голман Немања Марјановиќ во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на Црвена Ѕвезда. Тој сезоната ја започна во Партизан, бранеше за овој тим на турнирот во Охрид, но по доаѓањето на Хеидарирад, стана прекуброен и сега го засили лутиот ривал.