Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, запиша нова победа во швајцарскиот шампионат.
Цирих на домашен терен славеше тешка победа над Сент Гален со 29-28, а Поповски беше најдобар стрелц во победничкиот тим.
Тој постигна пет погодоци, исто толку имаше и Јануш Лапајне, но головите на Македонецот беа во клучните моменти од вториот дел кога Цирих ја правеше разликата.
Сега Поповски и Цирих се четврти на табелата со 11 бода, односно пет победи, едно реми и три порази, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај Кројцлинген.