Тимот на Тримо Требње, кој е предводен од македонскиот стручњак Раде Стојановиќ, ја продолжи победничката серија во Словенија.
Последна „жртва“ на клубот на селекторот на младинците беше составот на Рибница, кој од Требње си замина со пораз со 31-26.
На паузата беше само плус три, 16-13, а вториот дел мина во комплетна доминација на домашните, кои во повеќе наврати водеа и со осум гола разлика.
Следен предизвик за Раде Стојановиќ и Тримо Требње ќе биде гостинскиот дуел со незгодната Шкофја Лока.