Шведскиот Хорс, кој во првиот натпревар против Ѓорче Петров, триумфираше со 29:21, пред доаѓањето во Скопје го одигра дерби дуелот со Савехоф.
Некогашниот учесник во ЛШ по 60 минути борба ја доби драмата со Хорс, триумфираше со 30:28 (15:13) и со новите два бода остана на првото место на табелата.
Ракометарките на Хорс воопшто не се штедеа, во финишот од натпреварот намалија на два, 28:26, но во клучните моменти поискусниот тим знаеше како да одигра и да дојде до победа.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Хорс ќе се одигра на 13 октомври во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во третата рунда во Лигата на Европа и за влез во групната фаза ќе се бори со Париз.