🎥 Погледнете ја трилер завршницата – како Толбринг им донесе победа на „лисиците”

Фуксе Берлин имаше проблеми со Висла Плоцк, но на крајот успеа да прослави триумф со 25-24 во рамки од 4. коло од Лигата на шампионите.

За бундеслигашот победата над Висла Плоцк беше трета во европската елита, додека Висла Плоцк пропушти уште една шанса за да освои бод.

Во претходното коло, тимот на Хавиер Сабате, загуби од ПСЖ со 24:23, па така полскиот шампион првите бодови во ЛШ ќе ги бара во дуелот со Еурофарм Пелистер.

Херојот на „лисиците” беше левото крило Џери Толбринг, кој на три секунди пред крајот успеа да го совлада Виктор Халгримсон.

Погледнете….