Барса не виде мака со Алборг, ослабениот Келце го шокира Магдебург, Нант покажа моќ

Ракометарите на Барселона во реприза од финалето на Лигата на шампионите во минатата сезона се соочи со данскиот Алборг. За разлика од мечот во Келн, кога каталонскиот гигант се изнамачи за минимален триумф, во „Блауграна“ немаше проблеми и славеше со 35-27.

Барса отвори со водство од 5-1 и доминираше од почеток до крајот, иако во финишот на првиот дел Алборг намали на минус еден, но тоа траеше само кратко. На стартот на вториот момците на Ортега се одлепија на плус седум, 22-15, имаа и плус десет и потоа немаше дилеми околу победникот.

Нилсен блескаше на голот со 17 интервенции, пет гола имаше Фраде, додека по четири пати погодија Ване, Гомез и Цикуша. Во составот на Алборг, се истакна голманот Норстен со 16 одбрани, а Мунк беше стрелец на осум гола.

Францускиот Нант славеше убедливо против норвешкиот Колстад со 44-27, а најдобри во победничкиот тим беа Мин и Одриозола со по шест гола, а Турна имаше пет. Кај Колстад осум гола имаше Алберг.

Ослабениот Келце кој имаше само 12 играчи во ростерот го победи Магдебург со 27-26, иако домаќините беа фаворити пред мечот.

Во финишот на првиот дел, полскиот вицепрвак направи залиха од четири гола, 19-15, а Магдебург во последните десетина минути стигна во неколку наврати на минус еден. Вебер на два пати промаши во клучни моменти, Келце отиде на плус два, 27-25 и веќе немаше назад.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123
ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107