Своевремено кога Бертус Сервас беше дел од Келце, во ростерот на полскиот тим имаше повеќе од 25 ракометари, па голем дел од нив одеа на позајмица.
Откако замина Сервас, ростерот е скратен, секоја повреда веднаш се рефлектира на тимот, а Келце на гостувањето кај Магдебург ќе биде само со 12 ракометари!
Повредени се Хасан Кадах, Шимон Сичко, Алекс Душебав, а последен на листата е голманот Бекир Чордалија.
Талант Душебаев на мечот со Магдебург нема да смета ниту на Игор Карачиќ и Беноа Конку, за кои нема информации дали се повредени или шпанскиот стратег ќе ги „чува“ за дербито со Висла Плоцк в недела на пладне.
Во составот ќе бидат голманите Мештриќ и Валах, крила се Наи, Сургиел и Морито, пикери се Каралек, Монар и Рогулски, додека на бековската линија ќе бидат Олејничак, Даниел Душебаев, Македа и Гебала.