Недановски: Само тие што навистина го сакаат Вардар беа во сала

Вардар славеше против исландскиот Валур со 33-26 во првата рунда од групната фаза во Лигата на Европа.

Тренерот Владо Недановски е делумно задоволен, и вели дека мора да се подобри играта во вториот дел од натпреварите.

Тој исто така потенцираше дека очекувал повеќе публика во СЦ „Јане Сандански“.

„Мило ми е што повторно во СЦ „Јане Сандански“ гледаме европски ракомет. Очекував повеќе публика, но очигледно само тие што го сакаат навистина Вардар беа на трибини. Одигравме одлично прво полувреме, особено во одбраната. Ги искористивме нашите можности да постигнуваме лесни голови, но загрижен сум бидејќи играме одлично прво полувреме, а потоа во второто пак потрфрливме. Треба да работиме тоа да го подобриме, очигледно мора да се потрудиме повеќе. Бевме подготвени за овој напад на противникот, но не ја спречивме нивната транзиција. Технички се спремни, многу трчаат. Најважно е дека стартувавме со победа“, изјави Недановски.

Следен преизвик за Вардар ќе биде гостинскиот натпревар против бундеслигашот Мелсунген следниот вторник.