Битолчани ќе ги видат во живо – доаѓа тимот за кој зборува цела Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре го пречекуваат португалскиот шампион Спортинг Лисабон, кој досега нема пораз во Лигата на шампионите. Со триумфот над Веспрем, тимот на Рикардо Кошта привлече големо внимание низ Европа и покажа дека сезонава има квалитет за високи дострели.

Билетите за натпреварот се веќе во продажба ТУКА, a битолската публика ќе има можност на дело да ги види двајца од можеби најдобрите млади ракометари во светот – браќата Франциско и Мартим Кошта.

Во португалскиот првак играат уште неколкумина португалски репрезентативци – Бранкињо, Салвадор и Портела, како и многу интернационалци.

Македонскиот првак го чека првиот триумф во елитната конкуренција, а на последниот меѓусебен дуел во Битола пред три сезони во ЛШ, славеше нашиот тим со 31-25.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон се игра в среда во салата Боро Чурлески“ со почеток во 20:45 часот.