МВП НА 5. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДЕНИС ШАБАНОВИЌ (ПРИЛЕП)

Членот на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на петтото коло од Супер лигата.

Десното крило на натпреварот со Радовиш одигра на посакуваното ниво и постигна пет погодоци во убедливиот триумф.

Шабановиќ освои 46% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше левиот бек на Куманово, Давид Димевски, кој доби 38%

Номинирани за МВП на 5. коло од Супер лигата беа уште Милан Лазаревски, Горан Крстевски, Цветан Кузманоски, Градимир Чаневски и Мартин Серафимов.