Тимот на Аликанте, каде што игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, запиша нов триумф во Втората лига на Шпанија.
Амбициозниот Аликанте славеше на гостински терен кај Севиља со 36-27, откако и на полувремето водеше со 17-12.
Димитриевски беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне шест погодоци во домашната мрежа.
Аликанте има четири победи на четири натпревари досега и е лидер на табелата, но и единствен што нема загубено бод.
Следен предизвик за Македонецот и Аликанте ќе биде домашниот дуел со Синфин Сантандер, каде Димитриевски играше долго време.