Себастијан Хенеберг ќе го пропушти двомечот со Еурофарм Пелистер

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, а сегашен на данската Фредериција – Себастијан Хенеберг, ќе го пропушти двомечот меѓу двата тима во Лигата на шампионите.

Според ТВ2, данскиот лев бек ќе мора да оди на операција на менискус, бидејќи имаше компликации по операцијата на коленото која ја правеше пред три месеци.

Тоа значи пауза од најмалку шест месеци, па Хенеберг нема да настапи на натпреварите против поранешниот клуб со кој освои титула во Македонија.

Првиот меч меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер е закажан за 31 октомври во Данска, додека вториот ќе се игра во Битола на 20 ноември.