Норвешкиот шампион и трикратен европски првак Вајперс Кристијансанд, оствари убедлива победа во осминафиналето на Купот.
Кристијансанд славеше против третолигашот Года со 64-7, односно со 57 погодоци разлика и се пласира во четвртфиналето.
На паузата беше 32-2, а во вториот дел екипата на Томаш Главати прими пет погодоци, а постигна исто толку колку во првото полувреме.
По 11 голови постигнаа Сунива Нес Андерсен, Тува Хјове и Миа Еменегер, додека девет гола даде Јамина Робертс.
Голманката Динам Фрисендал го заврши мечот со 19 одбрани, односно 73% успешност на одбранети удари за клупски рекорд.
Покрај овој, рекордна беше и победничката разлика – 57, потоа најмногу ракометарки со двоцифрен ефект, најмалку примени голови…