МВП НА 3. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – МИКИ ЛАЗОВ (ТИКВЕШ)

Членот на Тиквеш, Мики Лазов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на третото коло од Супер лигата.

Младиот ракометар одлично ја искористи минутажата против Куманово и зад своето име запиша пет погодоци.

Кадетскиот репрезентативец немаше голема конкуренција на гласањето, освои околу 46% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот на Струга, Дамјан Тутенкоски со 20%.

Номинирани за МВП на 3. коло од Супер лигата беа уште Филип Пајкоски, Гал Цирар, Филип Кузмановски, Арно Бинго и Ашраф Маргели.