Николов и Начевски ќе судат решавачки меч за полуфинале на Светското клупско првенство

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од третото коло на Светското клупско првенство.

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат еден од решавачките натпревари за пласман во полуфиналето.

Тоа ќе биде натпреварот од групата Ц меѓу бундеслигашот Магдебург и Ал Калеј од Саудиска Арабија што ќе се игра денеска од 14:00 часот.

Поранешниот европски првак може и со реми да оди во полуфинале, додека Ал Калеј мора да победи за да се пласира во ТОП 4.