Според пишувањата на српскиот портал „Моцарт спорт“, актуелниот член на Битигхјам, Никола Влаховиќ, наскоро би можел да го облече дресот на српската сениорска репрезентација.
Според споменатиот медиум, младиот ракометар, кој е роден во Германија, веќе извесен период бил во контакт со селекторот на Србија, Борис Ројевиќ.
Левиот бек наскоро би требало да добие српски пасош и да дебитира за „орлите“ во квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Влаховиќ моментално го носи дресот на Битигхјам, со овој тим игра во Првата Бундес лига и прикажува одлични партии.
Србија во квалификациите за пласман на континенталниот собир 2026 се наоѓа во група со Шпанија, Италија и Летонија.