Лидерот на норвешкиот првак Колстад, Сандер Сагосен, не го доигра натпреварот против Загреб во Лигата на шампионите.
Иако до моментот на ударот во десното рамо, Сагосен беше меѓу најдобрите на теренот, сепак Колстад и без него запиша триумф.
Иако се стравуваше од тешка повреда, сепак првичните информации се дека не се работи за нешто сериозно.
Средниот бек бил веќе не лекарски прегледи кои покажале дека нема фрактура на клучната коска и дека наскоро ќе се врати на терените.