Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, загуби од шампионот Кадетен Шафхаузен со 28-23.
Во натпреварот од 5 коло во швајцарскиот шампионат, Македонецот беше најдобар стрелец на натпреварот.
Поповски постигна осум погодоци од девет обиди, од кои два беа од пенал, а имаше и едно исклучување.
Цирих сега има три победи и два порази, а следен предизвик за Поповски и неговиот клуб ќе биде гостувањето кај Сур Арау.