Тимот на Охрид има три победи на три меча на стартот на Супер лигата, а в сабота ќе го пречека големиот ривал Тиквеш.
Левото крило Крсте Андоновски добро го познава ривалот, бидејќи зад себе има многу средби против кавадарчани.
Тој очекува да се продолжи победничката серија во СРЦ „Билјанини Извори“.
„Во сабота на домашен терен ја пречекуваме екипата на Тиквеш која е навистина квалитетна екипа и секогаш е незгоден противник. Ние го анализираме противникот и добро се подготвуваме за овој натпревар и верувам дека ќе ја продолжиме победничката серија и ќе оствариме победа“, изјави Андоновски.
Натпреварот меѓу Охрид и Тиквеш се игра в сабота со почеток во 18:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.