Атанасијевиќ: Тешко ќе биде да се игра против Динамо Букурешт – но се подготуваме максимално

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тешко гостување кај романскиот шампион Динамо Букурешт.

Левиот бек Павле Атанасијевиќ вели дека тој и неговите соиграчи максимално и до секој детал се подготвуваат за новиот предизвик.

„Ни следат два тешки натпревари. Се спремавме чекор по чекор за Динамо Букурешт, напорно работиме и верувам дека ќе одиграме во рамките на максимумот на нашите можности. Имаат добра екипа, многу интернационалци, играат добар модерен ракомет и ќе биде тешко да се игра против нив. Сепак, максимално и до секој детал се подготвуваме“, изјави Атанасијевиќ.

Натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Еурофарм Пелистер се игра утре во салата „Поливалента“ со почеток во 18:45 часот.

Ангеловски: Иако за кратко време не чека Вардар, нема да се штедиме против Динамо Букурешт