Женската сениорска репрезентација на Македонија вчера го имаше првиот собир во рамките на ЕХФ неделата во која ќе бидат одиграни две средби со еден од домаќините на ЕП, Австрија.
Една од поискусните во репрезентацијата на Македонија, десното крило Сара Ристовска, ги сподели своите очекувања за контролните натпревари со австриската репрезентација.
„Ни престојат интересни натпревари со Австрија, но и во следните ЕХФ недели, кои ќе бидат добри за нас да ја темпираме соодветно формата за Европското првенство. Овие дуели ќе бидат добар показател за нивото во кое сме во моментов, но кон што треба да се стремиме за да покажеме една светла страна на првенството, каде имаме интересна група”, изјави Ристовска.
Членката на Рапид Букурешт смета дека настапот на Европското првенство 2024 за поголемиот број репрезентативки ќе биде отскочна данска.
,,Атмосферата и хемијата кои ги имаме надвор од теренот се надевам дека ќе ја пренесеме и на терен. Нашиот енталитет и оа што играме за срце и една за друга се надевам дека ќе се одрази и во играта. Ние сме на убав пат, со светла иднина и верувам во оваа репрезентација и мислам дека ЕП ќе биде нешто добро и големо за нас и отскочна даска за голем број на мои соиграчи”, заврши Ристовска.
Првата средба ќе се игра в сабота од 17:00 часот, додека вториот дуел меѓу Македонија и Австрија е на програмата в недела на 29 септември од 15:45 часот.
Македонија во рамките на ЕХФ неделата во октомври, ќе биде дел од „Трофеј Карпати“ во Романија од 25 до 27 октомври.