По ХРС и ЕХФ го суспендираше Марко Безјак!

Словенецот Марко Безјак ќе мора да почека со камбекот на ракометните терени и настапите за бундеслигашот Ерланген.

Покрај суспензијата од Хрватскиот Ракометен Сојуз до април 2025 година, сега на таа суспензија се придружи и Европскта Ракометна федерација.

Тоа значи дека Марко Безјак нема право да настапува ниту на клупско, ниту на репрезентативно ниво до април 2025 година бидејќи сега суспензијата не важи само за Хрватска.

Безјак лани летоска се врати на Балканот, потпиша за Нексе, но на еден дуел против Загреб, словенечкиот среден бек по мешаницата на теренот, го оттурна делегатот, ХРС видоа намера во тој обид и го суспендираа на една година.

ХРС донесе одлука: Брутална казна за Безјак, суспензии и за Вујовиќ, Велкаврх…

По неуспешната авантура во Нексе: Марко Безјак се врати во Бундес лигата