Судии од Естонија за Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите.

Мечот меѓу Динамо Букурешт и Еурофарм Пелистер ќе го судат Естонците Кул и Тинт, додека делегат е Водопивец од Словенија.

Натпреварот меѓу романскиот и македонскиот првак ќе се игра во салата „Поливалента“ во Букурешт в четврток од 18:45 часот.

Динамо Букурешт со две победи тргна во елитната конкуренција, откако славеше против Фредериција и Висла Плоцк, додека пелистерци имаат два порази од фаворитите ПСЖ и Фуксе Берлин.