Андоновски и Раховец продолжуваат во победнички ритам

Екипата на Раховец, која е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, продолжува со одличните резултати на домашно тло.

По освоениот трофеј во Супер Купот на Косово, како и по триумфот на најтрофејниот косовски клуб Кастриоти во првото коло од тамошниот шампионат, тимот на Андоновски забележа нова победа.

Раховец во второто коло за ривал ја имаше екипата на Вуштрија и без многу проблеми дојде до убедлив триумф, кој беше изразен со 15 гола разлика, 41:26.

Во следното, 3. коло, Раховец за ривал ја има екипата на Приштина, а во 4. коло ќе се соочи со Кастриоти.