Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска и нејзиниот тим Славија Прага редат победи во регионалната МОЛ лига.
На последната средба, Славија Прага на домашен терен немаше никаков проблем да стигне до триумф против Плзен и славеше со 37-21.
Јанкуловска успеа да погоди два пати во гостинскиот гол, а за Славија Прага ова беше трет триумф во МОЛ лигата.
Клубот на Македонката запиша три победи во три меча и покрај Плзен, претходно ги победи Злин и Кинжварт, па останува во пол позиција за врвот на табелата.